1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западниот Балкан има европска перспектива

БГ4 јули 2016

Во пресрет на денешната конференција со земјите од Западниот Балкан во Париз, државниот министер во германското МНР Михаел Рот за ДВ вели дека регионот и натаму има ЕУ перспектива без оглед на брегзит.

https://p.dw.com/p/1JHVH
Фотографија: DW/M. Müller

Брегзит не менува ништо во европската перспектива на земјите од Западниот Балкан, вели за ДВ државниот министер во германското МНР, Михаел Рот.

Пред денешната конференција со земјите од Западниот Балкан во Париз која е трето продолжение на т.н. Берлински процес, Рот вели дека заминувањето на Велика Британија од ЕУ не менува ништо во однос на регионот.

„Ние со сите сили го поддржуваме тој (европски, н.з.) тежок пат и стоиме зад своите изјави и ветувања. Тоа секогаш јасно го истакнуваме. Сега претстои конференцијата во Париз. Со таа конкретна иницијатива ние уште еднаш ја потврдуваме европската перспектива на земјите од Западниот Балкан како и нашиот ангажман во тој регион“.

Рот оценува дека ЕУ и натаму е способна да делува без оглед на брегзит, но наведува оти атрактивноста на Унијата во иднина ќе зависи од нејзината подготвеност да ги решава актуелните проблеми кои се однесуваат на меѓународните пазари на финансии, заштита на климата и прашањето за миграциите.

„За политиката на проширување и натаму важи дека сите земји од Западниот Балкан имаат конкретна перспектива за членство во Европската унија“, вели Рот.

Останува на земјите од регионот да ги исполнат условите за членство, а во прв ред, тоа се правната држава и демократијата.

„Ние од тие земји очекуваме многу, пред сѐ на полето на изградбата на правната држава и демократијата. Во прв ред, самите земји мора да ги исполнат тие услови“, вели Рот за ДВ.