1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Социјалниот јаз сѐ поголем

Немања Рујевиќ
19 мај 2018

Општествата во земјите од Западен Балкан се длабоко раслоени, а политиката не прави ништо да го спречи тоа, пишува во анализата на фондацијата Фридрих Еберт.

https://p.dw.com/p/2xvje
Symbolbild Gegensatz von Armut und Reichtum
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/V. Ghirda

„Повеќе од кога било порано, причините за нееднаквоста треба да се третираат итно поради бројните закани кои и натаму би можеле да го зголемат јазот во просперитетот“, гласи драматичниот заклучок на истражувањето на Мирна Јусиќ за огромниот и се поголем јаз меѓу богатите и сиромашните во земјите од Југоисточна Европа, кое е објавено во издание на германската фондација Фридрих Еберт.

Јусич, истражувачка во сараевскиот Центар за општествени истражувања- Аналитика, под поимот Југоисточна Европа тука мисли на шестте држави од Балканот кои се стремат кон членство во Унијата , како и на Хрватска.

Според достапните податоци од ЕУ, кои ги опфаќаат и Србија и Македонија, Србија е земја со најголема социјална нееднаквост во Европа, иско, пишува во истражувањето, со споредување на податоците може да се заклучи дека ситуацијата во Босна и Херцеговина е уште полоша. Хрватска според таканаречениот Џини-коефициент, со кое се изразува нееднаквоста,  се држи сразмерно добро бидејќи е нешто под просекот на нееднаквост во ЕУ. 

Жените и младите- главно незвработени

Во анализата, пазарот на труд се нарелува „најголем виновник за нееднаквоста“ и тука треба да се почне од ниските стапки на вработеност. Додека во земјите од ЕУ во просек се вработени 66,6 насто од работоспособните граѓани, таа стапка во регионот изнесува од 28,7 насто на Косово до 59,9 насто во Хрватска.

Драматична е разликата во вработеноста на мажите и жените особено на Косово (43,6 проценти вработени мажи и само 13,1 насто жени( и во БиХ (51,1 насто мажи и 29,1 процент жени). Во овие две земји најлоша е состојбата и со невработеноста на младите до 24 години- повеќе од половина од нив се без работа. 

Повеќе:

-Западниот Балкан на трнлив пат до ЕУ

-Проблемите и шансите на Балканот

-Очајот ги тера Балканците на работа на црно во Германија

Но Мирна Јусиќ се осврнува и на квалитетот на работните места и пишува дека „ нестандардните работи кои се потпираат на ниски плати, неизвесното работно време и несигурните работни услови, како и неформалната вработеност  се во пораст и придонесуваат за зголемување на нееднаквоста во приходите“.

Mirna Jusic
Мирна Јусиќ, авторка на анализатаФотографија: Analitika

Поголеми шанси да бидат невработени или да работат за ниски плати и во неформалниот сектор, како и неплатено имаат ранливите групи: Ромите, жените, младите, луѓето со инвалидитет.

Еден од важните фактори на големиот социјален јаз на Балканот е и даночниот систем- „главно не постои прогресивен даночен систем, кој би го намалил даночното оптоварување на оние во најлоша социјална состојба“. Наместо тоа,  во земјите на регионот, даночните стапки на најниските примања се релативно високи, а на највисоките релативно ниски, со  исклучок на Хрватска

„Флексибилни“ работници

Доминатната политика во земјите од регионот, пишува Јусиќ, подразбираше измени во законот за труд за да се зголеми „флексибилноста на работната сила“ и да се олабави иоанака слабата законска рамка која ги заштитуваше правата на вработените. „Претпоставениот значаен ефект од флексибилизацијата на трудовото законодавство на намалувањето на невработеноста и на зголемувањето на вработеноста не се потврди во пракса“, пишува во анализата.

Потоа се додава дека владите во регионот ставаат акцент на зголемувањето на конкурентноста и привлекувањето на странски инвестиции додека за прераспределбата на благосостојбата речиси и да не се зборува. како примери авторката ги наведува слабото влијание на колективните договори и отсуството на основно социјално осигурување во случај на невработеност.

Јусиќ за ДВ истакнува дека се чини оти властите во регионот веруваат дека ефикасноста и оптествената еднаквосто се меѓусебно спротиставени категории, односнон дека со отсуството на еднаквост се купува ефикасност. „Тие ја преферираат ефикасноста за да го подобрат пазарот на труд. Но таа пресметка не е точна бидејќи бројни меѓународни судии покажуваат дека ефикасноста и еднаквоста можат паралелно да постојат“.

„Поради очајната социјално-економска ситуација, недостатокот на работни места, закржлавеноста на јавните услуги и безбедносните грижи, земјите во регионот доживуваат значителен тренд на емиграција и загуба на човечкиот капитал, што ќе има штетно влијание врз нивните економии“, гласи заклучокот во анализата на Мирна Јусиќ за фондацијата Фридрих Еберт. Анализата беше претставена на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.