1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заедничка цел-членство во НАТО

Горан Петрески15 ноември 2005

Во Скопје се одржа средба на министрите за одбрана на земјите од регионот

https://p.dw.com/p/Acdf

Земјите од регионот,долго време оптоварен со меѓусебни конфликти и сомничавост,можат да бидат партнери во безбедноста,рече македонскиот премиер Владо Бучковски,а потврда на тоа е и денешната министерска конференција што се одржува во Скопје.Балканските земји имаат политичка волја да се трансфрмираат од корисници во произведувачи на политичка безбедност,оцени Бучковски пред министрите за одбрана и пред министрите на САД и на НАТО.Македонија најави учество во мировната мисија на ЕУ во БИХ:

„Мојот колега од БИХ го информирав за определбата на нашата влада од средината на идната година да учествува во мисијата со два транспортни хелихоптери и со соодветен персонал зашто на тој начин Република Македонија ќе земе дел учество конкретно и во заедничката одбранбена и безбедносна политика на ЕУ што исто така е многу значајно за нас,особено по очекуваното добивање на статус на кандидат“,изјави домаќинот на Конференцијата,министерот за одбрана на Македонија Јован Манасиевски.

Македонските војници се добредојдени,изјави неговиот босански колега,Никола Радовановиќ:

„БИХ како што е познато ,не е членка на американско Јадранската повелба,таа не е членка на Партнерството за мир,не е членка на НАТО,но ќе биде.Зошто?Затоа што сакаме,затоа што добро работиме,затоа што се движиме во добра насока,изјави гостинот од Сарево.

Неизбежна тема на билатералните средби било Косово,за ова прашање разговарале и македонскиот министер за одбрана Манасиевски и неговиот српско црногорски колега Зоран Станковиќ:

„Разговаравме и за Косово.Покрај другите,тоа е сигурно една од темите со кои подетално ќе се занимаваме.Но,времето беше кратко,а јас сум нов министер,само петнаесет дена.“

Министерската конференција на Јадранската група:Македонија,Албанија и Хрватска,гостите од БИХ и Бугарија,заврши со усвојување на Декларација со заедничките цели,меѓу кои и членство во НАТО.

„Земјите од Јадранската група ги подобрија буџетите за одбрана и од таа позиција погледано дозволете ми да нагласам дека е извонредно важно да се продолжи значаен дел од бруто домашниот производ да се издвојува за одбраната во периодот на приближување и пристапување во НАТО,кое сите се надеваме дека ќе се случи во 2008 година,изјави претставникот на НАТО,Џорџ Каксирдакис и додаде:членството во НАТО е политичка одлука и не може да се знае каква ќе биде таа,но во секој случај,во 2008 година Алијансата ќе одржи самит за проширување.

На Конференцијата присуствуваше и Питер Флори,заменик на американскиот секретар за одбарна Доналд Рамсефлед.Тој и македонскиот министер за одбрана уште еднаш го разгледале планот за испраќање повеќе војници во Авганистан идната година.