Задоволство поради скорото укинување на визите
16 јули 2009Реклама
„Македонија се отвора кон светот, светот се отвора за Македонија“, рече Груевски.
Тој увери дека владата ќе продолжи со реформите кон евроинтеграциите.
„Продолжуваме посветено да работиме на добивање позитивен извештај, на добивање на датум за почнување преговори со ЕУ“, изјави македонскиот премиер.
„Ова е успех на Република Македонија, Ова е успех на европската идеја во Република Македонија“, додаде Груевски.
Според најавите, финалната одлука од страна на Советот на министри на ЕУ се очекува да биде донесена кон крајот на октомври, а практичната примена на визната либерализација да започне од 2010 година.
Автор: ЖА/АТ/макфакс
Редактор: Алесксандра Трајковска