1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Забрана за летови по ерупцијата на вулканот Бардарбунга

ЕМФ/ард/дв24 август 2014

Вулканот Бардарбунга на Исланд врие и се тресе со денови. По малата ерупција, властите донесоа забрана за локалниот воздушен сообраќај.

https://p.dw.com/p/1CzuN
Фотографија: picture-alliance/dpa

Алармот на предупреудвање за летови над и околу вулканот Бардарбунга е „црвен“. Авионите не смеат да се доближуваат до Бардарбунга, кој по повеќе денови тресење исфрли малку лава. Теодор Хервасон, надлежен за предупредување при метеоролошката службана Исланд, изјави дека ерупцијата на вулканот била мала и не ја истопила покривката од мраз на глечерот Ватнајокул кој се наоѓа на врвот на вулканот. Метеоролошкиот институт на Исланд соопшти дека авион на крајбрежната стража го надлетува регионот и собира податоци. Надлежните не исклучуваат можност од нова, поголема ерупција на вулканот. Експертите проценуваат дека ерупција на Бардарбунга би можела да предизвика големи штети на авионскиот сообраќај во северна Европа и над северниот Атлантик.

Во регионот на вулканот со денови се регистрираат мали земјотреси. Регионот е многу омилен кај туристите поради глечерот Ватнајокул, кој е најголем глечер во Исланд. Бардарбунга е најголемиот вулкан на Исланд. Од страв поради можни нови ерупции властите веќе го евакуираа регионот околу вулканот. Се претпоставува дека можна голема ерупција би предизвикала топење на глечерот, а тоа би предизвикало поплави.