Жестоки протести против странците во Москва
14 октомври 2013Во безредијата настрадале и шестмина полицајци. Полицијата успеала да се справи со толпата и ситуацијата постепено се стабилизира.
Гневните демонстранти за убиството ги обвинуваат доселениците од кавкаските земји. Тие упаднале во еден трговски центар во Москва и уништиле еден склад за зеленчук. Откако полицијата интервенирала, толпата ги нападнала и полицајците.
Едно лице од Кавказ е осомничено дека убило 25-годишен Русин. Полицијата соопшти дека момчето било убиено по кавга околу девојка. Полицијата објави и фотографија од осомничениот, кој бил снимен со безбедносна камера, но неговиот идентитет се‘ уште не е познат.
Полицијата вчера го затвори и плоштадот околу Кремљ, за да спречи да се повторат безредијата од 2010. година, кога илјадници националисти и фудбалски навивачи протестираа поради убиството на еден Русин за време на тепачка со доселеници од северен Кавказ.