Женева: Бараната компакт класа
9 март 2012На Меѓународниот саем на автомобили во Женева, германските производители на возила традиционално се многу застапени. Впечатливо на актуелниот 82. автосалон во швајцарскиот град (се одржува од 8. до 18. март) е дека под плаштот на високите цени на бензините автоконцерните не полагаат надежи само во големите скапи модели.
Целосно нова А- класа
Еден губитник влегува во продолжение. Освен името, новата А-класа на Мерцедес меѓутоа нема ништо заедничко со својот претходник. Концернот Дајмлер вложи милијарди во т.н компакт класа - досега без успех. За Мерцедес би биле важни големите бројки на производство во овој сегмент, зашто само така можат да се намалат трошоците.
„Што се однесува до волуменот тоа е многу важен сегмент и со оваа нова производна серија со пет различни модели на оваа платформа ние сме и во состојба да заработиме добри пари. Со тоа расте и релевантноста за овој сегмент“, вели Дитер Цече, претседател на Управниот одбор на Дајмлер.
Продолжено Чинквеченто
Под мото „без експерименти“ компанијата ќерка на Фолксваген - Ауди, го претставува најважниот модел за широка потрошувачка - А3. Значително полесен и поштедлив од неговиот претходник, тој повторно треба да обезбеди повисоки добивки. Тоа е можно и преку новата производствена техника и преку заедничкото купување во рамките на концернот. Додека продажните цени благо растат, трошоците на производство можеа да бидат намалени за речиси една третина.
За сензација се погрижи меѓутоа Фиат со продолжената верзија на моделот 500 (Чинквеченто). Таа треба да се надоврзе на продажните успеси на малото култно возило. Новиот модел е мини комби со пет врати.
Автор:Томас Нојфелд/Симе Недевски
Редактор. Елизабета Милошевска Фиданоска