ЕУ – Штојбер
14 септември 2007Реклама
Актуелниот премиер на покраинската влада за Баварија Едмунд Штојбер по повлекувањето на крајот од месецов ќе добие раководна функција во ЕУ. Тој треба да води советодавно тело на експерти за намалување на европската бирократија – соопшто претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо во Брисел. Според планот, телото треба да поднесе рпедлози за намалување на бирократските трошоци за една четвртина, со што ќе се заштедат 1,3 милијарди евра. Барозо во образложението на одлуката посочи дека Штојбер располага со богато политичко искуство и е уверен во европските идеи.