1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ се’ уште без заеднички став за Косово

18 февруари 2008

Европската унија бара заеднички став во однос на прогласената независност на Косово. Изостана најавуваното избрзано признавање на Косово од страна на европската четворка, Франција, Германија, Велика Британија и Италија.

https://p.dw.com/p/D93J
ЕУФотографија: LU/Toms Grīnbergs
Колку и за време на викендот да изгледаше дека во Бисел е се’ подготвено за заедничка реакција на ЕУ на декларацијата за независност на Косово, министрите за надворешни работи на 27-те земји членки до доцна синоќа го услогласуваа заедничкиот став. До овој момент е неизвесно дали на денешната редовна седница на Советот на ЕУ ќе се излезе со декларација, заклучоци или со препорака. Изостана и од повеќе извори најавуваното избрзано признавање на независноста на Косово од страна на големата четворка на ЕУ - Франција, Германија, Велика Британија и Италија. ЕУ на денешниот состанок ќе се обиде да пронајде заеднички одговор на еднострано прогласената независност на Косово. Како што се очекува, државите-членки ќе го прифатат фактот за прогласувањето на независност и ќе ја изразат подготвеноста на Унијата решението за признавање да и’ се препушти самостојно на секоја земја-членка или кандидат за членство. Тоа е резултат на фактот дека владите на неколку земји на Унијата, како Кипар, Грција, Шпанија, Романија и Словачка, во текот на претходната недела изјавија дека нема да ја признаат едностраната одлука на властите во Приштина пред да извршат сестрани консултации во сопствените институции и со партнерските држави. Се очекува дека на денешната средба на шефовите на дипломатиите, со која ќе претседава словенечкиот министер Димитриј Рупел, тие ќе усвојат политичка изјава со која ќе се потврди заедничката определба за европска перспектива на Косово, во кое досега Унијата вложи околу 1милијарда и шестотини милиони евра.