1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ сака решение за Косово преку советот за безбедност

12 јули 2007

Брисел е подготвен за продолжение на преговорите. Приштина е отворена за соработка, но не може да чека предолго на конечно решение

https://p.dw.com/p/BF8s
Хавиер СоланаФотографија: AP

Високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана синоќа во Брисел по разговорите со косовскиот премиер Агим Чеку во врска со конечното решение на статусот на покраината изјави:

“ За ЕУ е многу важно во советот за безбедност да биде донесена резолуција бидејќи веруваме во ОН. Затоа ќе продолжиме да работиме за да дојдеме до такво решение. Ние го браниме концептот на Марти Ахтисари, а и последните одлуки на европскиот совет беа во таа насока“ изјави Хавиер Солана по разговорите со Агим Чеку. ЕУ според него подготвена за преговори:

“ Ќе работиме заедно за да дојдеме до решение. Луѓето на Косово тоа го заслужуваат, исто и политичкото раководство“

Косовскиот премиер Агим Чеку по средбата со Солана изјави дека Приштина е подготвена на преговори:

“ Видовме дека постои единствен став во ЕУ околу поддршка на планот на Марти Ахтисари. Тие сакаат решение преку советот за безбедност, а тоа е и наш став. Меѓутоа сметаме дека е се поизвесно дека советот за безбедност нема да понуди прифатливо решение. Сакаме заедничко прифатливо решение но не можеме да чекаме долго“ изјави Чеку и додаде:

“ Се повеќе ни се чини неможно да се најде патот преку советот за безбедност, знаеме дека е многу тешко да бараме друго решение или самите да преземеме други чекори, но меѓу невозможното и тешкото ние го преферираме сепак тешкото решение. Уште некое време ќе го одбегнуваме едностраното решение, а во случај во такво нешто ќе бараме поддршка од нив“ изјави Чеку