ЕУ-САД
29 јуни 2007Реклама
27 земји членки на ЕУ денеска треба да се изјаснат околу договорот за размена на податоците меѓу САД и ЕУ за патниците во трансатлантскиот авио сообраќај. Деталите претходно ги договорија еврокомесарот за правда и безбедност Франко Фратини, германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле и американскиот секретар за безбедност Мајкл Чертоф. Според договорот европските авиопревозници мораат да дадат информации за податоците на патниците, вклучувајќи ги нивните адреси и броевите на кредитните картички.