ЕУ – САД – самит
1 мај 2007Реклама
ЕУ и САД потпишаа рамковен договор со кој треба да се отстранат пречките во трговијата и економската размена. На самитот во Вашингтон, ЕУ и САД постигнаа приближување на ставовите и во однос на заштитата на климата. Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека двата најголеми економски блока на земјината топка, и покрај разликите, имаат намера да соработуваат во борбата против затоплувањето на планетата. На маргините на самитот, ЕУ и САД потпишаа и договор за либерализација на воздушниот сообраќај со кој треба да се овозможи поголем избор и поевтини билети за патниците.