ЕУ – Русија самит
18 мај 2007Русија и Европската унија имаат намера натаму да ги унапредуваат економските врски. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин, по завршувањето на самитот Европска унија – Русија, што се одржа во градот Самара. За тоа се договорени и конкретни чекори. Меѓу другото, ќе се формира ново тело за инвестиции, а ќе бидат поедноставени и граничните контроли. Путин изјави дека резултатите се позитивни и постигнати во конструктивен дијалог. Слична оценка изнесе и претседателот на Европската комисија Жозе Барозо кој рече дека се одвивала отворена и искрена размена на мислења. Унијата ќе продолжи да се ангажира за брзо членство на Русија во Светската трговска организација. Барозо упати повик проблемите меѓу Балтичките држави и Русија да се решат во духот на соработка.