ЕУ: позитивна најавата за продолжување на САА преговорите со Србија
8 јуни 2007Реклама
Германското претседателство со ЕУ ја поздрави најавата на претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо дека преговорите за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Србија ќе продолжат на 13 јуни. Официјален Берлин очекува од Белград доследно да продолжи во соработката со хашкиот трибунал. Одлуката за продолжување на преговорите Барозо ја соопшти по позитивните пораки на главниот хашки обвинител Карла Дел Понте за соработката на српските власти.