ЕУ планира да воведе забрана за увоз на нафта од Сирија
30 август 2011Правните експерти од 27-те земји членки на Унијата веќе изготвиле предлог за соодветниот чекор, се вели во Брисел. Министрите за надворешни работи на ЕУ одлуката за нови санкции против Сирија треба да ја објават во петок. Според наводи на дипломати во Унијата, 90 проценти од сирискиот извоз на нафта во моментов оди кон Европа. Како протест поради угнетувањето на опозицијата во Сирија, Европската унија, меѓу другото, веќе воведе забрана за влегување на нејзина тероторија за 50-мина блиски соработници на сирискиот претседател Башар Ал Асад и ги замрзна нивниот имот и финансиски средства во Европа.
Неосврнувајќи се на сите меѓународни апели, режимот на претседателот Асад и натаму исклучително остро дејствува против опозицијата. Нејзини активисти на интернет извесуваат дека армијата го опколила градот Растан во средишниот дел на земјата и подготвува напад. Апелот на Арапската лига од неделата за итно запирање на крвопролевањето во Либија, владата во Дамаск остро го отфрли.
Автор: СН/ЕМФ/дв
Редактор: Т.Тосев