1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ министрите за Косово

22 февруари 2005

Додека вчера во Брисел претседателот на САД Џорџ Буш разговараше со белгиските крал и кралица, европските министри за надворешни работи го подготвуваа денешниот самит Еу – САД. На вчерашниот редовен состанок, во заклучоците за Западниот Балкан, шефовите на дипломатии го поздравија доброволното предавање на српскиот генерал Лазаревиќ во Хаг, а големо внимание му посветија и на Косово.

https://p.dw.com/p/Acv8
Хавиер Солана
Хавиер СоланаФотографија: dw-tv

Европската Унија, според високиот претставник Хавиер Солана, и оваа година има намера да остане ангажирана на Косово.

,, Се што правиме на Косово сакаме да го направиме во соработка со Белград. Државната заедница Србија и Црна Гора за нас е мошне важна земја која треба да и се провлижи на Унијата и затоа сакаме да упатиме апел до нашите пријатели во Белград да се ангажираат што е можно повеќе , бидејќи тоа е од особена важност за постигнувањето на стандардите. Без дијалог меѓу Приштина и Белград тешко ќе биде да се постигнат целите,, посочи Солана. Неговиот колега од Европската Комисија, комесарот за проширување Оли Рен, пак, искажа позитивни оценки за ситуацијата во покраината.

.. Комисијата ги потврди заклучоците на Советот дека нема враќање на ситуацијата од 1999 година,, нагласи Рен.

,, Им посочив на европските министри за надворешни работи дека поделбата на Косово не е опција,, посочи од друга страна шефот на УНМИК, Сорен Јесен Петерсен, кој пред министрите рапортираше за ситуацијата во покраината. Тој додаде дека кон средината на годината ќе се направи ревизија на напредокот на Косово, а доколку резултатите се позитивни, веќе во септември би требало да стартуваат преговорите за конечниот статус.

Враќањето на бегалците, како и слободата на движење на Косово, посебно за Србите, се клучни стандарди, а за тие прашања е најмалку направено, оцени Петерсен.

Британскиот министер за Европа Денис Мек Шејн, на работ на министерската конференција изјави дека е најважно за идниот статус на Косово да се договорат заедниците кои живеат на таа територија, но дека Приштина, ,, не може да биде под Белград како што тоа беше пред 6 години”.