1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ, Западен Балкан

27 јули 2004

Напредокот на Хрватска во исполнувањето на критериумите на ЕУ треба да биде пример за целиот регион, порача во Брисел шефот на Советот на министри на ЕУ Бернард Бот. Статусот на Косово според него е можен дури по исполнувањето на определените стандарди

https://p.dw.com/p/Ad8H
Бернард Бот
Бернард БотФотографија: dpa

Примерот на Хрватска треба да го следат земјите од регионот, порача во Брисел претседателот на министерскиот совет на ЕУ, шефот на холандската дипломатија Бернард Бот. Според него, земјите како на пример БиХ би можеле до крајот на годинава да остварат одреден напредок. Статусот на Косово според Бот би бил возможен по исполнување на определените стандарди.

"Имам контакти со лидерите на Косово и разговарав за состојбата но секогаш нагласував дека во овој момент не се разговара за статусот на Косово бидејќи постојат проблеми со стандардите и порачав особено тие да се нагласат пред да биде донесена одлука за статусот што, подразбира решение како она во Белгија, некој вид конфедерацијано за кое во игра е и Црна Гора, незнам кое е идеалното решение, заради тоа се расправа за сите можности без донесување конкретни закључоци" рече Бот

Генералниот секретар на НАТО алијансата по состанокот со Хавиер Солана се изјасни околу предлогот, Србија да ги повлече тужбите во Хаг против земјите членки в НАТО, а тие за возврат да инсистираат Хрватска и БиХ истото да го сторат со тужбите за геноцид и воени штети против Белград

"Тоа се разбира е проблем, а решението е на Балканот и во самите држави а не е на НАТО да дава свои коментари. Добро е познато дека соработката со Хашкиот суд претставува важен предуслов за членство во програмата на НАТО партнерство за мир" рече Шефер

Прв оваа идеја за реципроцитет при повлекувањето на тужбите ја иницираше американскиот неформален посредник Брус Џексон, познат како личност кој го подготвуваше теренот за влез на новите членки во НАТО

Шефовите на владите од осум земји од југоисточна Европа утре во Салцбург ќе се сретнат за да расправаат за прашањето на Косово и иднината на земјите во врска со статусот кандидати за членство во НАТО и ЕУ.