1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ – Западен Балкан

30 јануари 2006

Во Брисел денеска заседаваат министрите за надворешни работи на Европската унија.

https://p.dw.com/p/AcWr

Освен за натамошните потези на Унијата кон Блискиот исток по победата на Хамас на палестинските избори, тие треба да разговараат и за одниот курс на проширувањето. Засегнати се пред се земјите од Западен Балкан. Европската унија има намера натаму да помага во државните и економските реформи, меѓутоа натамошното приближување го поврзува со целосна соработка со хашкиот трибунал. За временски рокови нема да се зборува, меѓутоа, францускиот премиер Доминик де Вилпен веќе предупреди да не се избрзува. Поради уставната криза, секако не им се брза ниту на министрите за надворешни работи. Австриското претседателство опстојува на тоа за натамошнот проширување важен критериум да биде способноста на унијата за прием на нови членки. Меѓутоа, перспективата за членство на балканските земји безусловно треба да биде задржана, се вели во советот на министрите.