1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ би признала независност на Косово?

25 октомври 2007

Додека САД во Советот за безбедност отворено ја поддржуваат независноста на Косово,а Русија ја одбива,ЕУ досега не се изјаснува.Но,се чини дека во меѓувреме се покажува консензус

https://p.dw.com/p/BwNf
Ишингер:ЕУ ќе биде единственаФотографија: AP

ЕУ сака да избегне разногласие во случајот со Косово.На неформалната средба 27-те министри за надворешни работи на Унијата на почетокот на септември договорија да покажат единственост.Францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер:

„Ние би сакале повеќе да немаме никакво решение за Косово,отколку индивидуално решение.Апсолутно е решавачко да останеме единствени.Ова е вистински предизвик за Европа.“

Интерните советувања зад кулисите се разбира продолжија,а во меѓувреме според дипломати од Брисел е јасно дека големо мнозинство од членките на ЕУ ќе го признае Косово за држава,ако косовските Албанци по пропаѓањето на меѓународните преговори по 10 декември прогласат независност против волјата на Србија.Велика Британија,нордиските држави,Франција и во меѓувреме Германија се подготвени за признавање.Шпанија и Романија досега се противеа,но можат да се премислат.Волфганг Ишингер,претставникот на ЕУ во преговарачката ројка за Косово за Дојче Веле ја пренесува увереноста дека не верува во поделба на ЕУ по ова прашање:

„Јас мислам ,со оглед на поинтензивната размена на улоги и на мислења на сите 27 земји членки,дека изгледите ЕУ да го зачува единството не само до 10 декември,туку и натаму се многу добри.Сеедно што ќе се случи,сеедно дали ќе дојде до спогодување меѓу Косоварите и Србите или не.Сега можам да претскажам,ЕУ останува одлучна.“

Сериозна опозиција сеуште постои само кај Словачка,Грција и Кипар.Кипарските Грци стравуваат дека изолираната турска република на северот на островот може да биде призната и од други држави освен од Турција.

Официјално,за курсот на ЕУ за признавање на државноста на Косово не постои потврда,не би требало да се засекува посредничката тројка.Во спротивност за излегувањето во пресрет кон Косовските Албанци ЕУ од нив бара заштита и гаранции за рамноправност на српското малцинство на Косово.Волфганг Ишингер се жали дека двете страни,Србите и Косоварите,мислат премногу националистички,иако и едните и другите сакаат да бидат членки на ЕУ:

„Сметам дека е можно да се реши косовското прашање.Она на што не можам да одговорам е,дали двете страни кои мора да се согласат,за што постои политичка волја,ќе ја спроведат оваа согласност.“

ЕУ сака по секоја цена да избегне поделеност на надворешнополитички план како при ирачката војна.Унијата е подготвена да ја организира изградбата на Косово као држава и да ја финансира.НАТО како и досега ќе се грижи за безбедноста.Русија и натаму одбва независно Косово,од страв дека тој чекор ќе биде сигнал за некои народи и малцинства во Кавказот.Европски дипломати исто така стравуваат дека независно Косово може да разбуди копнежи кај силното албанско малцинство во соседната Македонија.

На 10 декември ќе се сретнат министрите за надворешни работи,а три дена подоцна шефовите на држави и влади на ЕУ на редовниот самит.Дотогаш,португалското претседателство со ЕУ ќе работи сите 27 членки на ЕУ да ги доведе на една линија,значи ,признавање на Косово.