Ерменија: Избор на нова влада на 1. мај
26 април 2018На интернет страницата на ерменскиот парламент денеска преку соопштение беше објавено дека на 1 мај ќе избира нов премиер откако Серж Саркисјан поднесе оставка по единаесетдневните протести во земјата.
Лидерот на опозицијата Никол Пашинјан неодамна порача оти е подготвен да ја води земјата. Ерменија е потресена од длабока политичка криза по оставката на Саркисјан на премиерската функција. Тој попушти под притисокот на протестите, насочени против неговото именување на оваа функција.
Повеќе на темата:
-Ерменија во сѐ подлабока политичка криза
Саркисјан кој беше претседател на Ерменија од 2008 година до март годинава кога му истече мандатот, неодамна беше именуван за премиер.
Претходно беа усвоени уставни измени со кои беше воведен нов парламентарен систем, со кој беа намалени претседателските овластувања во полза на оние на владата, односно на премиерот.
Опозицијата тоа го смета за потег со кој Саркисјан се обидува да остане неограничено на власт.
Во моментов вршител на должноста премиер е блискиот соработник на Саркисјан - Карен Карапетјан. Тој предложи брзо одржување на предвремени избори во земјата.