Ердоган ги повика ирачките власти да ги затворат камповите на ПКК
19 октомври 2007Реклама
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги повика ирачките власти да ги затворат камповите за обука на припадниците на сепаратистичката курдска работничка партија во северен Ирак и да и ги предадат на Турција лидерите на ПКК.
Тој го поздрави повикот на ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари до борците на ПКК да ја напуштат територијата на Ирак . Анкара смета деја околу 3000 бунтовници како и неколку нивни лидери се кријат во планините во северен Ирак , главно населен со Курди.