Еленовски – Брисел
14 мај 2007Реклама
Македонскиот министер за одбрана, Лазар Еленовски, денеска во Брисел учествува на состанокот на тројката на ЕУ и министрите за одбрана на неколку земји кандидати за НАТО и на трети земји. На средбата, на која учествуваат и министрите за одбрана на Турција, Хрватска, Норвешка и Исланд, ќе се разговара за европската безбедносна политика и обврските што произлегуваат од кандидатскиот статус во сферата на одбраната.