„Елвира“ ја потопи јужна Германија
31 мај 2016Реклама
На југот на Германија започна расчистувањето на теренот по големото невреме кое го зафати регионот. Илјадници помагачи и спасувачи се вклучија во акцијата за санирање на последиците од невремето кое однесе четири човечки животи. Улиците се блокирани, а мостовите урнати.
Во меѓувреме, невремето се пресели кон западот на земјата во покраината Северна Рајна Вестфалија, иако со помал интензитет. Вода во подрумите, кал по улиците, отежнат сообраќај. За среќа без жртви и повредени.