1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕК: Некој ги лаже азилантите!

21 октомври 2010

Да не се поврзува проблемот со економските азиланти од Македонија и Србија со ромското прашање, кое ја тресе Европа, побара ЕК. Брисел засега не ја разгледува можноста за укинување на визната либерализација.

https://p.dw.com/p/Pk13
Сега предничат ромските, претходно од Македонија заминуваа албански азилантиФотографија: DW

Иако повеќето барања за азил од Македонија и Србија во овој втор бран се луѓе со ромско потекло, Брисел не гледа поврзаност помеѓу двата феномени.

Портпаролот на ЕК Микеле Черконе го лоцира проблемот во недостатокот на информации за визната либерализација кај локалното население, а не во етничката припадност

„Во овој случај гледаме луѓе кои доаѓаат во ЕУ со лажни надежи дека ќе добијат азил кој нема да го добијат. Ние не го поврзуваме тоа со етничката припадност. Во случајов, во руралните зони на тие земји постојат агенции кои одат кај тие луѓе и им велат-ако ни дадете толку пари, ние ќе ви дадеме можност да живеете таму. Има вистински проблем на експлоатација и дезинформација. Мораме да интервенираме за да го разјасниме тоа.“

Symbolbild Asylbewerber EU Einheit Regelung
Фотографија: picture-alliance/ ZB

ЕК потсетува на одговорноста

Европската комисија потсетува дека визната либерализација со себе носи и одговорност за земјите кои ја уживаат.

Брисел одблиску го набљудува проблемот и засега не ја разгледува опцијата укинување на визната либерализација.

Портпаролот Черконе денеска (21.10.2010) изјави дека лојалните граѓани не треба да бидат казнети поради злоупотребите на еден дел од населението, но неопходно е навреме да се интервенира за да се спречи нов бран на нелегални емигранти.

ЕУ на почетокот на годинава забележа тренд на барања за економски азил по укинувањето на визите за Србија и Македонија. Белгискиот премиер ги посети земјите во март, но проблемот повторно се појави овој месец.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Жана Ацеска