1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Експлозија во термоцентрала кај Приштина

ЕМФ/миа/бета6 јуни 2014

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 11 се повредени во силната експлозија која денеска (6.06) избувна во термоелектраната „Косово А“ во Обилиќ, во близина на Приштина.

https://p.dw.com/p/1CDlR
Фотографија: Zulfija Jakupi

Претседателот на Бордот на директори на Косовската електро-енергетска корпорација, Берат Рукичи, за агенцијата Бета изјави дека во силната експлозија загинале три лица, а неколкумина се повредени. Тој потврди дека несреќата се случила во погонот за електролиза и дека, според прелиминарните информации, предизвикувач на несреќата е експлозија на гас.

Портпаролот на косовската полиција, Беки Кељани, изјави дека експлозијата се случила во објектите на термоцентралата „Косово А“.

Директорот за производство во енергетската компанија КЕК, Арбен Ѓука за весникот „Експрес“ рече дека експлозијата била премногу силна и дека „полицијата врши истрага“.

Во инцидентот причинета им е материјална штета на луѓето кои живеат во близина на термоцентралата. Пристапот до „Косово А“ е блокиран, а пристап имаат само итните служби.