1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еден загинат и тројца повредени во напад во Хајделберг

БГ /АФП
24 јануари 2022

Атентатор упадна во амфитеатар на Универзитетот во Хајделберг убивајќи една млада жена и повреди уште три лица, пред и самиот да си пресуди. Засега не се утврдени политички или верски мотиви.

https://p.dw.com/p/461gU
Хајделберг Универзитет Напад
Еден убиен и тројца повредени во нападот во ХајделбергФотографија: Uwe Anspach/dpa/picture alliance

Напаѓачот влегол во универзтетскиот амфитеатар и почнал да пука без контрола, соопшти полицијата во јужногерманскиот град. Досега кај него не се утврдени верски или политички мотиви. Сите четири жртви биле „сериозно повредени“, соопшти полицијата, а една од нив подоцна им подлегнала на повредите во болница.

Канцеларот Олаф Шолц рече дека е шокиран од нападот и порача дека е во мислите со жртвите и нивните семејства.
„Ми се крши срцето кога ќе слушнам вакви вести“, рече Шолц. 

Полицијата смета дека атентаторот бил сам и поседувал пушка со која најверојатно се застрелал откако го извршил нападот. 

Нападот предизвика огромна полициска операција на Универзитетот, а на студентите и граѓаните им се советуваше да не пристапуваат до таа област. 

Deutschland Heidelberg | Amoklauf auf Uni-Campus mit mehreren Verletzten
Нападот предизвика огромна полициска операција на Универзитетот, а на студентите и граѓаните им се советуваше да не пристапуваат до таа област.Фотографија: Uwe Anspach/dpa/picture alliance

Хајделберг е центар на најстариот универзитет во Германија кој датира од 1386 година и се смета за еден од најпрестижните во Европа. 

Германија беше сцена на бројни слични напади во изминатите години, повеќето извршени од џихадисти или радикални десничари. Нападите во училишта се релативно ретки во земјата, а последниот се случи во 2009 година кога поранешен ученик смртно застрела деветмина ученици, тројца наставници и тројца случајни минувачи во Виненден, исто така во покраината Баден Виртемберг каде што се наоѓа и Хајделберг.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема