1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еврото и во Словенија

27 декември 2006

Од 1 јануари 2007 Словенија станува членка во зоната на еврото и го воведува како официјална валута. На тој начин Словенија станува 13-татат членка во која важи валутата на европскот единство. Уште две недели Словенците ќе можат паралелно да плаќаат и старата влаута – толарот. Од средината на јануари ќе биде примано само еврото.

https://p.dw.com/p/Adm0
Од 1 јануари влегува и во Словенија
Од 1 јануари влегува и во СловенијаФотографија: Fotomontage/AP/DW

Словенечката банка беше подготвила 450 илјади таканаречени стартни пакети за промената на годините, но по само неколку часа на шалтерите на банката во Љубљана од нив немаше ниту трага. Тоа го покажува големиот интерес за новата валута. Меѓутоа, ако се прашаат Словенците, мнозинството одговара воздржано:

„Некои се одушевени, други скептични, но мнозинството тоа го посматра реалистично како мене: има нова валута и – точка. Можно е да пораснат цените, но тоа нема неизоставно врска со еврото„.

Нада Серајник Срака ја води владината кампања за инфомирање околу еврото. Таа воопшто не се чуди што нема некое големо одушевување:

„Повеќе од 80 проценти веќе имале работа со еврото. Словенците многу патуваат, тие се добри бизнисмени и затоа веќе имаат евра во паричниците. Се’ е поразлично отколку пред 5 години во Германија, Франција или Италија„.

На информативниот телефон за еврото одговара студентката по политологија Ања, со нејизните колеги. Стрпливо за се што е во врска со новата валута. На пример, уште колку ќе важи толарот како платежно средство, воведен во Словенија пред 15 години. Одговор: само до 15 јануари. Некои пак, прашуваат за сосема други валути, вели Ања:

„Многумина се уште пресметуваат во динари, во старата југословенска валута, или во германски марки. Тие имаа заштеди во марки и затоа на почетокот ќе пресметуваат во марки„.

Пресметувањето на еврото во марки беше едноставно: едно за две. Со толарот ќе биде потешко: 239,64 толари за едно евро. Значи, еден милион многу бргу ќе се спушти на 4 илјади 173 евра. Страхувањето дека евртото ќе донесе скапотија, нормално е проширено во Словенија, иако не и неоправдано. Сепак, шефицата на информативното биро Серајник-Срака е сигурна дека со промената на валутата нема да се случи и пораст на инфлацијата:

„Сосема е можно во одделни случаи цените да растат. Она што можеме ние да го направиме е да ја засилиме свеста за тоа„.

Студентката Ања за спомен ќе задржи неколку толари, но разделбата од него не и паѓа тешко:

„Овде не е како во Германија. Ние веќе имавме многу валути. Имам 23 години, а веќе доживеав 4 различни валути. Можете да си претставите колку промени доживеала мојата баба. Затоа некои прашуваат, која валута ќе дојде по еврото. Ние се надеваме дека ова вистина е последната„.