1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европскиот суд бара менување на насоките за меморирање податоци

ЕМФ/афп/дв/ртр8 април 2014

Насоките на ЕУ за меморирање податоци ги кршат основните права на граѓаните и мора да се реформираат, одлучи денеска (8.04) Европскиот суд во Луксембруг. Чувањето податоци мора да се сведе само на „апсолутно неопходното“

https://p.dw.com/p/1Bdao
Фотографија: dapd

Во Берлин со нетрпение се чекаше на одлуката на Европскиот суд. Министерствата за внатрешни работи и за правда соопштија дека сакаат да поднесат предлог-закон за оваа сфера дури откако судиите во Луксембург ќе го кажат своето. Во моментов во Германија нема соодветна регулатива за оваа област, со оглед на тоа што Уставниот суд во Карлсруе во 2010 година го прогласи за неуставен Законот за примена на насоките на ЕУ.

Државите на ЕУ од 2006 година имаат обврска да се погрижат фирмите за телекомуникации да ги чуваат податоците добиени од телефонски разговори и интернет комуникација во период од две години. Тоа треба да им биде од помош на истражните органи за разјаснување на тешки злосторства.

Ваквата практика во ЕУ е исклучително контроверзна. Во декември 2013 година, вештак на судот во Луиксембург дојде до заклучок дека насоките на ЕУ во целост „не се во согласност“ со Повелбата за основните права и тие мора да бидат подобрени. Според неговото мислење, насоките ги прекршуваат основните права за заштита на податоците и почитување на приватноста. Освен тоа, чувањето податоци за период од две години е „несразмерно“ долго.