Европејците штедат при купувањето автомобили
17 февруари 2012Оној што дава многу пари за да купи автомобил мора да е сигурен во својата финансиска иднина. Луѓето во Европа, особено во земјите кои мораат да спроведуваат тешки програми за штедење, се воздржуваат од големи трошоци. Продажбата на автомобили е намалена - на пример во Италија за 17 проценти.
Во јануари годинава, во просек, во ЕУ се продадени 17% помалку автомобили отколку во истиот месец лани. Најлошо е на францускиот пазар, кадешто има минус од 21 процент. Германија, споредена со ваквите бројки, мина релативно без проблеми и има минус од 0,4%.
Речиси сите производители на автомобили пријавуваат намалување на продажбата. Рено, на пример, во јануари продал една четвртина помалку автомобили отколку во истиот месец лани. Пад има и на германскиот пазар. Кај Опел минусот, во споредба со минатата година, изнесува цели 21 процент. Кај Мерцедес и Ауди, пак, е забележан плус. Добра продажба во Европа имаат и производителите на поволни автомобили - корејскиот производител Киа има продажба за една третина поголема отколку минатата година.
Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!
Автор: Керстин Швајцер / Елизабета Милошевска Фиданоска
Редактор: Александра Трајковска