Европа – главен град на културата
20 мај 2007Реклама
Праизведбата на делото “Бабел 2007“ во филхармонијата во Луксембург беше проследена со силен аплауз. Делото на романската композиторка Виолета Динеску е еден од најголемите прекугранични проекти во рамките на европскиот главен град “Лукесмбург со регионот“. Во композицијата, за чија изведба беа неопходни 600 уметници од три земји, се одсликува културната и јазичка полифонија на регионот меѓу четирите реки Мас, Мозел, Зар и Рајна. Годинава за прв пат главен носител на проектот европска метропола на културата не е еден град, туку целиот регион околу него, кој во случајот на Луксембург вклучува 11 милиони жители.