Евроинтеграцијата на Балканот тема на последниот ден од самитот во Брно
26 мај 2007Реклама
На вториот и последен ден од самитот на шефови на државите од централна, источна и јужна Европа, во чешкиот град Брно, е евроинтеграцијата на земјите од регионот. Чешкиот претседател Вацлав Клаус изјави дека “најдобра поддршка за земјите од западниот Балкан е нивна евроинтеграција”. Македонскиот претседател Бранко Црвенковски, денеска го одржа излагањето кое беше закажано за вчера. Црвенковски во својот говор побара целосна либерализација на визниот режим за Македонија. Црвенковски очекува и дека проширувањето на ЦЕФТА ќе придонесе кон развој и јакнење на економиите на Балканот. Се очекува во завршната декларација на од Самитот да стои силна поддршка за зачленување на Западниот Балкан во ЕУ.