1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Драматична корона-состојба во Русија

ЕМФ | агенции
28 октомври 2021

Поради високиот број новоинфицирани со коорнавирус, во Москва се воведени строги рестрикции.

https://p.dw.com/p/42Ic5
Moskau | Coronavirus | Desinfektion
Фотографија: Kirill Kudryavtsev/AFP/Getty Images

Од денеска во Москва се отворени само супермаркетите и аптеките. Делумниот локдаун во главниот град на Русија ќе трае најмалку до 7 ноември. Училиштата, кината, трговските центри и фитнес-студијата се затворени, рестораните и кафулињата можат да нудат храна и пијалоци само за земање.

Ширум земјата од сабота (30.10) до 7 ноември би требало да важи правилото за слободни денови во јавните дејности, кои треба да бидат платени. Но, не е воведена забрана за излегување, така што голем број Руси, како што информираат медиумите, се со намера во овој период да заминат на одмор во земјата и странство.

Повеќе: Не си вакциниран? Тогаш нема плата!

Според официјалната статистика, денеска се регистрирани над 40.000 новоинфицирани со коронавирус во рок од 24 часа. Тоа е највисок број досега од почетокот на пандемијата во пролетта 2020 година. И бројот на починати од корона достигна највисоко ниво - 1160 починати за еден ден.

Russland COVID Patient in einem Krankenhaus in Moskau
Болница во МоскваФотографија: DW

Само една третина од 146 милиони луѓе во Русија се целосно вакцинирани. Сѐ уште нема одлука дало би требало да постои обврска за вакцинирање, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ќе видиме како ќе се развира ситуацијата“, рече Песков. Според него, одлука на регионите е дали за јавниот сообраќај ќе воведат QR-кодови со кои ќе се докажува целосна вакцинација.

Спутник V под лупата на ЕМА

Досега во дел од регионите постои обврска за вакцинирање на луѓе со одредени професии. Претседателот Владимир Путин минатата недела се изјасни против воведување обврска за вакцинација.

Руска вакцина против Ковид-19 за животни