Драконски мерки против бегалците во Унгарија
27 август 2015Апели за помош од приемниот камп: бегалците не дозволуваат да им бидат земени отпечатоци од прст, и со тоа да се регистрираат. Полицијата возвраќа со солзавец. Официјално, за да ја смири состојбата.
Досега никогаш толку бегалци не минале низ Унгарија на пат кон ЕУ. Само во вторникот полицијата регистрираше повеќе од 2.500.
Унгарија е дел од ткн. балканска рута: од источното Средоземие преку Македонија и Србија. Целта на бегалците е да стигнат до Унгарија, а потоа натаму кон западна Европа.
Погледнете го видеото на оваа тема:
За нив тоа е и трка со времето- или поточно: против унгарските власти. На досега отворената граница кон Србија се поставува висока ограда. Првата жичена бариера е веќе поставена.
Од септември повеќе од 2.100 полицајци ќе ја контролираат оградата, можеби ќе биде испратена и војската.
За оние кои сега пристигнуваат, бегството е веќе екстремно стресно.
„Многу сме гладни, нема храна, нема лекови за децата, нема ништо. Многу сме уморни“, вели Одеи, бегалец од Сирија.
Тука, во Унгарија, тие воопшто не сакаат да останат.
„Сакаме да одиме во Германија или во Велика Британија. Не сакаме тука да се регистрираме, но полицијата е насекаде“.
За Одеи и за другите Сиријци сѐ уште има надеж: во Германија, бегалците од кризните подрачја можат без проблем да останат- без разлика дали претходно се регистрирале во некоја друга ЕУ-земја.