1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интервју со шефот на УНМИК Јоаким Рикер

Анила Шука 28 ноември 2007

Косово има функционална демократија, правна држава и пазарно стопанство, оценува Јоаким Рикер за Дојче Веле.

https://p.dw.com/p/CU6f
Шефот на УНМИК, Јоаким РикерФотографија: UN

Господине Рикер, Вие веројатно нема да останете уште долго на Косово. Што проценувате, уште колку ќе останете таму?

Рикер: Мислам дека сакаме сите да ја завршиме работата и затоа ќе останам се‘ додека е тоа неопходно.


Дали Ви е тешко понекогаш да останете на Косово во дадената ситуација?

Се гледа полека светлина на крајот на тунелот, барем јас така гледам на процесот. Меѓународната заедница е во голема мера согласна дека прашањето на статусот треба да се реши сега, бидејќи одложувањата нема да донесат ништо.

Да, но во меѓународната заедница спаѓа и Русија и таа порача дека ќе бара продолжување на разговорите. Значи не може баш да се зборува за единство во маѓународната заедница. Тоа се‘ уште не дошло до мене, но веќе реков дека на почетокот на процесот одредивме јасни принципи на Контакт групата. Во неа на министерско ниво веќе два пати беше речено дека процесот треба да се доврши. Една од временските одредници за тоа беше крајот на 2006-та. Сега е крајот на 2007-ма и сметам дека е во интерес на сите сега да се дојде до брза завршница на процесот. Што сметате, уште колку време ќе останете на Косово? Кога ќе го добиеме решението за статусот, тогаш според планот на Ахтисари почнува преодна фаза од четири месеци. Ако тоа го земеме како основа за проценка, тогаш би требало да заминам на крајот од тие четири месеци. Значи во април!? Па, кога ќе го имаме решението за статусот и кога ќе почне преодниот рок во технички смисол... но уверен сум дека наредното лето нема да бидам повеќе на Косово! Во која мера е Косово способно во технички смисол да ги преземе задачите што Вие до сега ги извршувавте?
Значи уште еднаш морам да повторам, се ориентирам според планот на Ахтисари, бидејќи тој е единствениот што за сега го има. Тој додуша не доби согласност во Советот за безбедност на ОН, но е единствениот што постои како формиран предлог. Според неговите одредби, би требало да дојде нова мисија на чело со цивилен претставник, но исто така и воена мисија, чија единствена задача би била да го следат имплементирањето на договорот за статусот. Тоа е значи сосема поинаков мандат од оној што го има УНМИК. Дали тој вклучува и посебни права според планот на Ахтисари? Да, тука се вклучени и права на интервенирање, ако појдеме од планот на Ахтисари. Какви технички проблеми има сега, какви проблеми морате да решите во тие четири месеци од преодниот рок? Ни претстои премин кон идните институции на Косово од една страна, а од друга кон идната цивилна мисија што ќе дојде. Ние го вежбавме тој премин, добро сме подготвени за таа фаза, иако тука има секако многу работа, има многу активности. Но, ние располагаме и со план за имплементација, што значи би можеле да почнеме со преодната фаза уште утре! А подготвени се и институциите на Косово, бидејќи вежбавме заедно со нив. Косово е на пат да се создаде нова влада, парламентот веројатно еднострано ќе прогласи независност. Вие спомнавте дека ќе го прашањате Њујорк за совет како да постапите во таква ситуација. Каков би можел да биде тој совет? Не би сакал во моментов да шпекулирам за тоа што може да биде по 10-ти декември, бидејќи како што знаете во тек се уште преговорите со меѓународната Тројка. Доколку би шпекулирал што може да се случи по 10-ти декември, тогаш тоа би можело да влијае врз преговарачкиот процес. Но, сигурно имате некаков план „Б„ зарем не?! Мислам на дипломатите во Њујорк. А и Вие сигурно нешто знаете од сето тоа... Веќе реков дека не можеме да се правиме глуви и слепи, тоа значи секако дека мора да се подготвуваме и за други сценарија, на пример, што да се прави ако Тројката не постигне успех во преговорите. Но, во моментов не ми прилега, а и не сакам да коментирам нешто во таа насока, бидејќи тоа би можело да биде штетно за процесот што го води Тројката. На тој процес сега мораме да му обезбедиме доволно простор за можеби сепак да дојде до некакво решение. Добро, тогаш нема да зборуваме за тоа што би било, кога би било, туку да се осврнеме на минатото, на она што УНМИК го постигна до сега. Кога би правеле сега биланс на направеното, што би истакнале како најважна придобивка или успех? Ако ги набљудуваме осумте години од присуството на УНМИК на Косово мислам дека му појде од рака, заедно со партнерите од Косовом, да постави темели за функционална демократија, за функционална правна држава и пазарно стопанство. И тоа не е малку! Дали политичката елита на Косово е стигната до таму да може навистина и да ја живее таа демократија? Ако ги погледнете последните избори, тогаш мислам дека нив можеме да ги сметаме за натамошен доказ за зрелоста на тамошната демократија. Меѓународните набљудувачи потврдија дека изборите беа фер и слободни, дека беа испочитувани меѓународните стандарди. Мислам дека тоа е само уште еден камен во мозаикот и дека може да се каже оти на Косово постои функционална демократија. Учеството на изборите меѓутоа беше многу мало и може да се каже разочарувачко за народ што се наоѓа кусо пред создавање сопствена нација... Морате да увидите дека во многу земји учеството на националните или парламентарни избори исто така лежи под 50%. Од друга страна во таквото учество меѓу 40 и 45% (бројките не се дефинитивни) се огледа и фактот што луѓето се веќе изморени и исфрустрирани од процесот поврзан со статусот... Нели се исфрустрирани и од работата на УНМИК? Секако, по цели осум години луѓето се од една страна уморни од двојните структури на владеење. Дури и покрај взаемната доверба што ја имаме со косовските институции, сепак тоа не е она што го носи добро работење на некоја влада. Имате сега малку проблеми и со Албанците на Косово, но со Србите од секогаш сте имале проблеми. Како гледате на иднината на српското малцинство на Косово? Српското малцинство е нераздвоен дел од иднината на Косово, која може да биде само демократска и исто така само мултиетничка. Косово е домот на српската заедница таму и тоа така треба да остане и понатаму. Сега е актуелна дебатата околу продолжувањето на мандатите за српските претставници. Дали сметате дека е тоа исправно, да им се продолжат мандатите на нивните претставници, иако Србите воопшто не учествуваа на изборите? Не знам, уште не сме донеле одлука околу тоа. За сега гледаме што се случува, разговараме со засегнатите... Во моментов ситуацијата е таква што мандатите на избраните во општинските совети важат се‘ додека не стигнат конечните резултати од општинските избори. Затоа сега имаме доволно време за да смислиме решение, кое од една страна ќе ги почитува демократските избори, а од друга нема да ја маргинализира српската заедница на Косово. И последното прашање: што планирате по заминувањето од Косово? Со што ќе се занимавате? Се‘ уште не знам. Сега сум сконцентриран на тоа да го довршам овој процес заедно со сите кои имаат интерес за тоа. Мислам дека тоа е целата меѓународна заедница. А потоа ќе видиме...