1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

До зоната на еврото најблиску е Словенија

3 март 2006

По проширувањето на Европската унија сега доаѓа и ширењето на зоната на еврото, зашто сите нови држави членки се обврзаа еден ден да го воведат еврото. Нема посебна клаузула каква што имаат данците или Британците. Водечката група засега ја сочинуваат Словенија, Литванија и Естонија.

https://p.dw.com/p/AeMR
Колку ќе има во портмонето по воведувањето на еврото?
Колку ќе има во портмонето по воведувањето на еврото?Фотографија: dpa

Сите три држави имаат намера да го воведат еврото веќе од 1 јануари идната година. Притоа, Словенија има најдобри шанси: таму сите цени веќе се пишуваат и во евро. Естонија и Литванија мораат да страхуваат.

Се уште не е јасно дали Естонија, како што е планирано, ќе може да го воведе еврото од 1 јануари 2007. Таму веќе сега жестоко се дебатира дали еврото нема да бие прескапо. Андрус Албер, советник на претседателот на естонската народна банка:

„Поимот ’скапо’ ние во Естонија го знаеме многу добро. Исто е како насекаде: во старите членки луѓето мислат дека еврото ги зголеми цените. Во новите членки мислат дека тоа ќе води кон поскапување„.

Сепак, новите членки можат да научат од старите. Имено, дека има разлика меѓу исполнетата инфлација и вистинскиот развој на цените. Естонските експерти предупредуват да не се потценат конкретните влијанија на стравот од цените. Во краен ефект тоа вистина би можело да води кон повисоки цени. Естонија веќе го доживеа тоа при зачленувањето во Унијата: сите весници јавуваа дека цената на шекерот ќе се зголеми за 4 пати. Андрус Албер:

„Половина година се велеше дека цената на шекерот ќе се зголеми за трипати. Бидејќи Естонија немаше царини, мораше да ги воведе. И бидејќи луѓето очекуваа зголемувања на цените, трговците тоа и го направија: сите велеа, ’па да, тоа беше јасно’, и никој не се жалеше„.

Од тие причини естонската влада бара од домашните медиуми да не шират дополнителен страв. Ане Сулинг, шеф на евро-проектот во естонското министерство за финансии:

„Презедовме извесни мерки: властите за заштита на потрошувачите ќе ги посматраат цените и ќе проверуваат дали зголемувањето на цените во продавниците коректно ќе ја следи промената на курсот„.

Сепак, во моментов не е сигурно дали баш сите три земји: Словенија, Литванија и Естонија ќе го воведат еврото токму на 1 јануари 2007 како што е планирано. Двете балтички држави предупредуваат на високите стапки на инфлација кои не се дозволени со мастришкиот договор. Тоа е последица и на високиот економски пораст на Балтикот, но и на високите цени на нафтата, како што подвлекува Андрсу Албер од националната банка на Естонија:

„Уделот на нафтата во нашата потрошувачка кошничка е многу поголем отколку во старите земји-членки, бидејќи нивниот животен стандард е повисок. Исто така, Естонија лежи многу на север, за разлика од Италија или Грција, и затоа генерално има поголема потреба од нафта„.