Дојче телеком ќе укине неколку илјади работни места
2 декември 2013Т-системс уште одамна важи за „проблематично дете“ на германскиот телекомуникациски гигант Дојче телеком (Deutsche Telekom): фирмата носи премалку добивки. Сега Дојче телеком планира да укине помеѓу 4.000 и 8.000 работни места во рамки на радикалното преструктуирање на секторот за орматичко-телекомуникациски услуги Т-системс, објави денеска весникот „Ханделсблат“.
Цитирајќи извори на компанијата, весникот пишува дека наредниот директор на Т-системс, Тимотеус Хетгес ќе ги презентира планираните резови во надзорниот одбор на Дојче телеком на 12. декември. Работните места ќе бидат укинати во наредните три години. Т-системс во Германија вработува вкупно 29.000 работници.
Синдикатите најавија отпор кон планираните отпуштања во фирмата.
„Ако дојде до кратења, нема да се согласиме со нив“, изјави за „Ханделсблат“ претседателот на сојузот на синдикати Верди и заменик во надзорниот одbор на Телеком, Лотар Шредер.
Т-системс и Дојче телеком не сакаат да ги коментираат информациите за укинување работни места, но ги потврдуваат плановите за преструктуирање.