1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дојче Веле го проширува своето медиумско присуство во Авганистан

18 март 2005

Од вчера радио-програмата на нашава куќа може да се следи и на ултракратки бранови во подрачјето на главниот град Кабул.

https://p.dw.com/p/Aexs
Ерик Бетерман, интендант на Дојче Веле
Ерик Бетерман, интендант на Дојче ВелеФотографија: DW/Eduard Fiegel

На новата фреквенција на Дојче Веле, покрај програма на двата авганистански јазика пашту и дари, ќе бидат емитувани и програми на фарси, урду, англиски и германски јазик, и тоа преку два нови силни предаватела, чија изградба е финансирана од германска страна. Едниот ќе го користи и авганистанското радио. Договорот за кооперација со Радио Телевизија Авганистан беше склучен во декември минатата година. Интендантот на нашава медиумска куќа Ерик Бетерман и’ придава важност на таа соработка и на новата фреквенција за Дојче Веле: „Со отворањето на нашата УКВ-фреквенција во Кабул сакаме нашата програма уште повеќе да им ја доближиме на луѓето во Авганистан. Во таа земја емитуваме радио-програма веќе 30 години. Но, токму сега, при обновата и демократскиот развој во земјата, граѓаните треба да добијат шанса со помош на нашата радио-станица да се информираат за искуствата во другите држави, за да можат најважното да го преземат и во сопствената земја“.

За значењето што на новата УКВ-фреквенција во Кабул му го придава и германското Министерство за надворешни работи, зборува фактот дека и тоа учествуваше во финансирањето.

Авганистанскиот министер за култура Саид Макдум Рахин, кој го одобри проектот за кооперација, во него гледа натамошен чекор во проширувањето на билатералните односи: „Инсталирањето УКВ-предавател на посебен начин ги продлабочува срдечните повеќедецениски односи меѓу авганистанската и германската нација. Дојче Веле со ова дава голем придонес за зголемувањето на општествената свест кај нашата нација“.