1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дојче веле во Авганистан

16 декември 2004

Располагањето со информации во Абганистан е се уште проблем. Додуша од март годинава важи нов закон за меидумите кој барем теоретски спречува какво и да е ограничување на слободата на публикување. Но, во практиката не може да стен ниту збор за слобода на печатот според западен терк. Поради тоа, Дојче веле вчера потпиша договор со претставнивци на авганистанското министерство за информации за изградба на д

https://p.dw.com/p/AczD
Дојче веле радио и во Кабул
Дојче веле радио и во Кабул

�а нови предаватели на кракти бранови.

На фрекфенцијата од 90,5 мегахерци веќе по неколку недели во главниот град на Авганистан, Кабул ќе може да се слуша Дојче веле, 24 часа во денот. Програмата нема да биде емитувана само на авганистанските јазици Дари и Пашту, туку и на германски и англиски. Ранјхартд Хартштајн, заменикот интендант на Дојче веле изјави:

“Овие јазици се важни зашто се важни и целните групи. Во Кабул не сакаме да им се обараќаме само на Авганистанците, туку таму има и различни меѓународни организации. Со германскиот стигнуваме до Германците што се таму присутни – помошници за развој и инженери. Но, се надеваме и на подобро ширење на германскиот во Авганистан, подеднакво како и во другите региони“.

Најнапред воопшто не беше планирано Дојче веле да емитува во Кабул. Дојче веле требаше само да поправи еден предвател на средни бранови оштетен во војната. Но, кога врз оваа инстаталција беше извршена контрола од страна на шефот на менаџментот на Дојче веле, Герд Хефс, тој доживеа изненадување:

“Кога стигнавме таму констатиравме дека зградата воопшто нема покрив. Не постоеше ниту првиот кат, туку само подрум без прозорци и една прастар емитер. Се друго беше прав и пепел“.

Бидејќи ниту мошеше да се помисли на поправка, се роди идеја, место тоа во Кабул да се инсталира УКАВЕ предавател за програмата на Дојче веле. Партнерите без одушевени. По сите подготовки, веќе во наредните денови треба да биде избран производителот. Ако се оди според планот, ќе се стартува во февруари.

Гулхам Хасан Хазрати, интендант на РадиоТелевизија Авганистан е среќен поради ангажманот на Дојче веле во Кабул. По британскиот ББС и францускиот РФИ, Дојче веле е третата меѓународна радио-станица што ќе емитува програма за Кабул. Хазрати вели:

“Информациите преку радио во сите делови на Авганистан се најважниот информативен извор во земјата. На пример, еден селанец: кога работи на поле може преку транзистор да се информира за сите настани во светот“.

Кон тоа треба да се додаде дека повеќе од две третини од населението во Авганистан се аналфабети. Преку весници или интернет не можат ништо да слушнат.