Долниот дом на руската Дума го усвои декретот на Путин
7 ноември 2007Реклама
Долниот дом на руската Дума денеска гласаше за декретот на претседателот Владимир Путин, да се прекине договорот за конвенционално вооружување. Предлогот беше усвоен без ниту еден глас против. Путин во јули годинава најави дека Русија ќе го прекине важењето на договорот усвоен во средината на 1990 година како знак на протест против планираниот анти ракетен систем на САД во Чешка и Полска. Со овој договор се ограничува бројот на оклопни возила, авиони и друго конвенционално одужје во Европа.