1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Доживотен затвор за атентаторот од Крајстчрч

СН/агенции
27 август 2020

Ова е досега уникатна казнена мерка во Нов Зеланд: Десничарско-екстремистичкиот атентатор од Крајстчрч гарантирано никогаш нема да излезе од затвор, одлучи судот во Нов Зеланд.

https://p.dw.com/p/3hZCk
Christchurch: Brenton Tarrant - Angeklagter
Фотографија: picture-alliance/AP/S. McEwin

Напаѓачот на џамиите во Крајстчрч, Брентон Тарант, е осуден на казна доживотен затвор без можнист за условна слобода за убиство на 51 муслумански верници во 2019 година на Нов Зеланд.

Судијата Камерон Мандер рече дека за Тарантовата „изопачена“ идеологија се крие „силна омраза“ која го навела да нападне мажи, жени и деца кои не можеле да се бранат.

„Задача на судот е одлучно да се сузбие тоа зло на омраза“, рече судијата Мандер изрекувајќи ја казната, која е прва таков вид во судската пракса на Нов Зеланд.

Neuseeland Urteil im Christchurch-Prozess
Судијата Камерон МандерФотографија: Reuters/J. Kirk-Anderson

Судијата, потенцирајќи дека новозеландската муслиманска заедница платила висока цена, рече дека сторителот на страшниот масакар сепак не успеал да ја промовира идеологијата на крајната десница.„Бевте свиреп и без милост. Вашиот чин е нечовечки“, рече судијата.

Повеќе:

-Атентаторот од Нов Зеланд обвинет за 50 убиства

-Нов Зеланд: Никогаш повеќе полуавтоматско оружје!

-Крајстчрч: Митот за волкот-самотник

На 15 март 2019 година Брентон Тарант ладнокрвно уби 51 верник на молитва во петок во две џамии, поттикнувајќи бран осуда во целиот свет.Тој е прогласен за виновен за 51 убиство, 40 обиди за убиство и за терористички напад откако во март ја призна вината.

Neuseeland Bildergalerie Attentat von Christchurch | Überlebende und Angehörige
Една од целите на напаѓачот: џамијата Ал-Нур во КрајстчрчФотографија: Reuters/E. Su

Главниот обвинител Марк Зарифех оцени дека таков масакар „не е запомнет во историјата на злосторства на Нов Зеланд“.„Ова несомнено е најлошото убиство на Нов Зеланд (...) мотивирано цврсто од вкоренета расистичка и ксенофобна иделологија“, рече тој. Доживотен затвор е „единствената соодветна казна“ за Тарант, заклучи Зарифех.