1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договорени стандарди за минималната плата во ЕУ

Рајнхард Клебер
8 јуни 2022

Компромис по долги преговори: во иднина ќе има стандарди според кои ќе се определува минималната плата во земјите од ЕУ.

https://p.dw.com/p/4COa5
Mindestlohn
Фотографија: picture-alliance/P. Pleul

Земјите членки на Европската унија и Европскиот парламент постигнаа согласност за стандардите за минимална плата во Унијата. Денис Ратке, кој ги предводеше преговорите од страна на Европскиот парламент, изјави дека компромисот опфаќа стандарди според кои ќе се определува, актуелизира и спроведува минималната плата.

Освен тоа, земјите на ЕУ ќе треба да направат акциски планови за зголемување на процентот на тарифни договори во случај нивната стапка да е под 80%, изјави Ратке за агенцијата ДПА. Тој оценува дека на овој начин значително ќе се подобри животот на милиони вработени.

ЕУ-членките соопштија дека законските минимални плати во иднина ќе се актуелизираат најмалку на секои две години. Исклучок ќе има за земјите каде платите и пензиите редовно се прилагодуваат на промените на цените, односно инфлацијата. Во тие држави актуелизирањето ќе се прави секои четири години. Во процесот на актуелизирање на минималните плати ќе мора да учествуваат и социјални партнери како синдикатите и сојузите на работодавачите.

Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ сега треба и формално за гласаат за компромисот. Потоа земјите членки имаат време од две години за спроведување на ЕУ-насоките во своето национално законодавство.

- повеќеЕвропски искуства: Каде функционира и колкава е минималната плата?

За ЕУ-насоките, кои се практично препорака за делување, се изјаснија мнозинството земји членки на Унијата. Шведска и Данска вчера (7.06) соопштија дека се против насоките поради то ашто сметаат дека тие претставуваат политички мешање во определеувањето на платите во двете земји. 

- повеќе: Минималната плата отвори апетит: Синдикатите најавуваат штрајк за повисока плата

Во Германија неодамна беше донесена одлука за зголемување на минималната плата на 12 евра за работен час од 1 октомври годинава. Со тоа Германија ќе стане земја во ЕУ со една од највисоките минимални плати. Меѓутоа, процентот на тарифни договори во Германија е значително под 80% кои се бараат со сега постигнатиот компромис.