Десет загинати во бомбашки напади во Индија
23 ноември 2007Реклама
Најмалку десет лица загинаа во серија бомбашки напади кои речиси истовремено се случија во три градови во северна Индија. Полицијата соопшти дека нападите биле изведени во Лукнов, Варанаси и Фаизабад. Полицијата се сомнева дека зад атентатите стојат милитантни муслимани.