Десетици загинати поради панична реакција на возач
13 март 2017Реклама
Возачот на автобус во Гонаив прво прегазил двајца пешаци, од кои едниот загинал, а другиот е повреден.
Според службата за цивилна заштита, по несреќата луѓето кои не биле жртви се обиделе „да го запалат автобусот заедно со патниците“.
Обидувајќи се панично да побегне од местото на несреќата, возачот со автобусот влетал во три музички групи кои се движеле по улица.
Притоа загинаа 33 луѓе, а повредени се 14. Во болница подоцна на повредите им подлегнаа уште четири лица.
Возачот на автобусот е во бегство. Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, најави истрага за несреќата.