1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десетици Австријци добија неочекуван чек од Трамп

ЕМФ / дпа
9 септември 2020

Чекови како помош во борбата против економските последици од корона-кризата, со потпис од американскиот претседател Доналд Трамп, завршија кај десетици Австријци.

https://p.dw.com/p/3iCSv
Corona-Hilfe: Mehr als 100 Österreicher bekommen Scheck von Trump
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Burgi

Во банките во Австрија се уновчени повеќе од сто чекови со вредност од 1200 американски долари (околу 1000 евра) потпишани од американскиот претседател Доналд Трамп, јави австрискиот радиодифузен сервис ОРФ.

Еден од оние кои добиле неочекувани пари од САД е и еден пензионер од градот Линц во Австрија, кој кратко време работел во САД. Тој прво помислил дека се работи за невкусна шега. Потоа отишол во банка за да провери дали чекот е вистински, по што парите му се префрлени на сметка, објаснува тој за ОРФ.

Причина за добивањето на чековите може да е грешка во податоците со кои располагаат американските институции. Американската влада испратила чекови на многу луѓе во вид на помош во корона-кризата. Американските граѓани кои имаат годишен приход до 75.000 долари имаат добиено чекови од 1200 долари. По грешка вакви чекови се испратени и на повеќе од еден милион починати луѓе. Министерството за финансии и Даночната управа најверојатно пред испраќањето на чековите не направиле споредба со податоците за починати со кои располагаат социјалните осигурувања.

Повеќе:

Што сѐ се промени во светот поради коронавирусот

Германија: за наставниците компјутери, за учениците евтин интернет

Во случајот со пензионерот од Линц, дел од парите ќе се врати во САД. Тој вели дека доколку се укинат мерките за ограничување на патување сака да замине таму на одмор.