1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ден на германското обединување

3 октомври 2004

Трети октомври 1990 означува - пресврт во германската историја. По повеќе од 40 годишна поделба, Сојузна Република Германија и ДДР повторно се обединија. Настан, што со себе донесе многу нешта, и за кој, и покрај сета радост, не треб ада се заборави дека е вусшност во стварноста е процес кој трае. Повторното обединувањеќе трае уште долго.

https://p.dw.com/p/AcKn

Коментар на Хајнц Дилонг

Германското обединување, во државно-правна смисла почнато пред 14 години, сеуште не езавршено, како што тоа го предвидува уставот. Солидарноста, чувство што припаѓаше само по себе во една судбинска заедница, сега, како блиц, се јавува само повремено. Како например пред две години, кога требаше да се излезе накрај со последиците од поплавите на реката Елба. Подготвеноста за донации, и кај западните Германци, тогаш беше голема. Тоа се навистина ситуации во кои една нација сраснува заедно.

На друга страна, стојат разноликите анимозитети. Тука се западните Германци кои сметаат дека новите покраини досега добиле доволно пари од западот. И, тука се источните Германци, кои исто како и порано се чувствуваат – запоставени. Сето тоа, статистички се релативизира. Но, во стварноста не е така. Колку и да звучи лирично, солидарноста и заедништвото не се прашање на книговодство. Се разбира дека луѓето беа малку измамени од претставата на почетокот дека трошоците на обединувањето ќе бидат попатни и дека економијата во источна Германија нужно ќе расцути. Сепак, последиците од тогашните грешки, погрешните или погрешно претставуваните проценки, не можат да бидат причина за откажување од целта ”изедначување на животните услови”. Добро е што уставот го бара токму тоа. Само така владата и парламентот ќе бидат приморани да се стремат кон ваквата единственост. Стремежот кон такво нешто ќе ги испегла и најголемите разлики. Тоа мора да остане цел на политиката, ако не се сака ризик од отселување, процес кој се заканува во источна Германија.

Луѓето таму се чувствуваат особено загорзени од актуелната социјална реформа и реформа на пазарот на работна сила. Тоа е веќе проблем сам по себе, што во некои случаи ги тера избирачите да бараат воздух кај десноесктремните партии. И, иако зад тоа се крие исклучително десен екстремизам само кај мал број лица, изборот на НПД и ДВУ е гласање недоверба на демократијата, гласање против демократските решенија и начин на однесување. Тоа е доволно за размислување и впрочем не е само проблем ма источните Германци. Истовремено, би било добро, кога понекогаш би се погледнале и големиот напредок во социјалниот и економски развој на Источна Германија, зашто постигнато е навистина многу.

Останува за размислување проблемот – дека западните Германци се малку љубопитни околу животот на нивните сонародници од исток во времињата на ДДР. Многу различниот начин на социјализација на луѓето во двете германски држави, се разбира имаше последици чии краци допираат многу по трети октомври 1990-та. Животот на поединецот не може да се става во формата што ја даваат клишеата. Заемното разбирање бара многу повеќе.

А, тоа е итно потребно. Очекувањата на луѓето од државата, значи прашањето што таа за поединецот може и треба да направи, на запад и исток се различни. Границите, токму оние што постојат во главите, сосема ќе исчезнат веројатно тогаш кога генерацијата денешни деца и млади ќе станат возрасни.