Денеска се празнува Бајрам
12 октомври 2007Реклама
Муслиманите денеска го слават верскиот празник Рамазан Бајрам, со кој завршува шестиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост. Претседателот на исламската верска заедница во Македонија, Реиз Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, во честитката до исламските верници нагласи дека исламот е израз на љубов, толеранција и солидарност. Тој порача празникот да биде исполнет со меѓусебно разбирање и толеранција.