Девети ден од израелската ација во Либан
20 јули 2006Вчерашниот ден беше најсмртоносен во деветдневната израелска воена кампања во Либан . Загинаа дури 63 цивили .
Десетици израелски авиони во текот на ноќта исфрлија дури 23 тони експлозив врз една зграда во либанскиот главен град Бејрут , каде што израелската армија се сомнева дека биле засолнет високи претставници на Хезболах . Израелската армија соопшти дека во бомбардирањето бил уништен подземен бункер на Хезболах. Герилската група , меѓутоа демантираше дека некој од нејзините лидери или членови загинале за време на нападот . Израелската армија во меѓувреме соопшти дека нејзините војници утринава воделе битки со припадници на Хезболах на две места по должина на границата . За време на вчерашните судири на границата загинал еден борец на Хезболах и двајца израелски војници.
Милитантото шиитско движење истотака продолжи со ракетирање на израелските села и градови во северниот дел на земјата . Три лица загибнаа во еден таков напад врз градот Назарат , а ракетите на хезболах погодија цели и во пристанишниот град Хаифа .
Дветс страни не покажуваат сигнали дека засега би можеле да ги придатат повиците на меѓународната заедница за примирје.
Вчера таква порака во директни разговори со израелското раководство во Ерусалим упати и специјалниот пратеник на ЕУ Хавиер Солана . Израел меѓутоа нема намера да стави крај на акциите , пред да бидат ослободени двајцата израелски војници кои беа грабнати пред 9 дена , инцидент кој беше повод за актуелната криза на Блискиот Исток . Солана во Ерусалим сепак го упати следниов апел :
„Сите што можат да влијаат проблемот да биде решемн , мораат веднаш да го сторат тоа . Сега . Секој ден е важен. И затоа ги молам сите луѓе што имаатѕ влијание , да го искористат“ – порача Солана , кој во меѓувреме во интервбју за БиБиСи изрази надеж дека конфликтот во Либан ќе заврши наредната недела.