1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Двојазичните училишта во Германија се многу популарни

9 октомври 2011

Во Германија има преку 150 основни училишта што нудат билингвална настава. Покрај вообичаените понуди на англиски и француски, сега се нуди настава и на турски и руски јазик.

https://p.dw.com/p/12ZQs
Lehrkraft Sandra Nieto de Diego beim Spanischunterricht mit Zweitklässler. Aufnahmedatum: 09.09.2011. Copyright: DW/Antje Hollunder. Eine schriftliche Genehmigung von den Eltern zur Verwendung des Bildes liegt vor. +++Nur im zusammenhang mit der Berichterstattung zum Thema Bilinguale Grundschulen zu verwenden.+++
Наставничката Сандра Нието де Диего со ученик од второ одделниеФотографија: DW/Antje Hollunder

„Основната идеја е оние деца кои растат со странски јазик како мајчин, да се чувствуваат добредојдени и во училиштето. Цел е јазикот да не биде пречка за интегрирање на децата со мигрантско потекло во училиштето и општеството, како што било порано“, објаснува Маргит Фаикс, директорка во католичкото основно училиште во Келн. Таа самата има шпанско потекло и затоа знае колку многу работа е потребно за да се интегрираш и воедно да го негуваш мајчиниот јазик. Децата до сега одеа во германско училиште, а попладне посетуваа настава на јазикот што го зборуваат со родителите дома. Со германско-шпанската билингвална настава во редовното училиште ова обврска, за среќа, им се скратува на децата. Родителите, како Мартина Шмидт, се благодарни за тоа: „Јас ја пријавив мојата ќерка Сол во ова основно училиште затоа што ми беше важно шпанскиот јазик да го слуша, да го пишува, да го зборува и надвор од дома. Татко и’ доаѓа од Чиле и затоа мислам дека е важно за нејзината самодоверба. Јазикот е дел од нејзиното потекло и идентитет“, вели мајката Мартина.

Идејата се роди во 1963 година со договорот меѓу Франција и Грманија за заедничка соработка

Margit Faix, Schulleiterin und Koordinatorin des Projektes "Bilinguale Grundschule Spanisch/Deutsch" der KGS Trierer Str. in Köln, Fotograf: Antje Hollunder, Aufnahmedatum: 8.9.2011
Маргит Фаикс, директорка во католичкото основно училиште во КелнФотографија: DW/Antje Hollunder

Билингвалното училиште го посетуваат и деца за коишто вториот јазик, како во овој пример шпанскиот, не е дел од семејниот идентитет. Родители, како Грегор Фроме, кои не го зборуваат јазикот дома сепак сакаат нивните деца да одат во ова училиште: „Ова е сигурно добра инвестиција за во иднина, која се разбира не треба да се пропушти.“

Во билингуалнте училишта за сега нема стандардизиран наставен концепт. Во основното училиште на директорката Маргит Фаикс учениците секојдневно имаат по еден час шпански јазик, предметна настава и час по ликовно. Овие предмети ги предавааат паралелно две наставнички. Едната ја објаснува темата и задачите на учениците на германски, а другата го објаснува истото на шпански.Едно од првите позитивни искуства што ги имаат децата во билингвалното основно училиште е пеењето. Тоа е многу важно и за наставничката Сандра Нието де Диего: „Она што во секој случај функционира е тоа што на децата им се дава многу позитивен фидбек: ’Многу добро. Значи, разбра?’ На германските деца им помагаат останатите деца кои веќе го познаваат или го зборуваат шпанскиот јазик дома. Тие им преведуваат на другите деца и им ги објаснуваат задачите“, објаснува Сандра Нието де Диего.

Концептот се вика: да се учи од другите и со другите

I-Dötzchen der deutsch-spanisch bilingualen Klasse der Katholischen Grundschule Trierer Str. in Köln, Aufnahmedatum: 8.9.2011 Copyright: DW/Antje Hollunder. Eine schriftliche Genehmigung von den Eltern zur Verwendung des Bildes liegt vor. +++Nur im zusammenhang mit der Berichterstattung zum Thema Bilinguale Grundschulen zu verwenden.+++
Првачиња во билингуалното германско-шпанско училиште во КелнФотографија: DW/Antje Hollunder

На овој начин билингвалните основни училишта нудат многу повеќе знаење, отколку што можат да научат децата во родителскиот дом. Поради тоа, овие училишта во Германија стануваат се’ популарни, а поддршка добиваат и од државата. Конкретни бројки на државно ниво нема, но само во покраината Рајнланд Пфалц годинава се отвориле 13 нови основни училишта што нудат билингвална настава. Советничката за миграција во општинската управа во Келн, Розела Бенати, го поддржува отворањето на билингвални училишта: „Првото основно училиште во Келн беше германско-италијанското училиште. Потоа се отворија уште некои други, две на италијански јазик, едно на германско-турски, едно на германско-шпански и едно на германско-англиски јазик. Германско-француското основно училиште, што веќе постоеше во Келн, го смени концептот, така што сега ги користи многу повеќе ресурсите на децата, односно го применува концептот: учење едни од други и со други“, објаснува Розела Бенати.

 

Автор: Антје Холундер / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Симе Недевски