Дачиќ: Нема преговори со Приштина ако не биде отстранет споменикот во Прешево
29 декември 2012Премиерот на Србија Ивица Дачиќ порача дека нема да оди во Брисел на преговори со косовските власти ако споменикот на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац не биде отстранет од Прешево.
Дачиќ рече дека краен рок за отстранување на споменикот во Прешево е 17 јануари.
„Споменикот ќе го тргнат самите Албанци, а доколку тие не можат или не сакаат, тогаш тоа ќе го направи владата. Нема да одам во Брисел додека споменикот не биде тргнат", рече Дачиќ за саботното издание на „Блиц".
Тој уште истакна дека „граѓаните на Србија , Албанците имаат рок до 17 јануари да го отстранат споменикот на припадниците на таканаречената Ослободителна војска на Прешево, Бујановац и Медвеѓе загинати во нападите ан српската полиција и војска во 2000 и 2001 година“.
Српскиот премиер оцени дека спорниот споменик во Прешево е провокација со која сака да се каже дека српската власт не контролира дел од својата територија.