1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дахау 60 години по ослободувањето

2 мај 2005

Во баварското место Дахау кај Минхен националсоцијалистите подигнаа еден од нивните први концентрациони логори,кој беше прототип за другите. Во Дахау беа убиени околу 43 илјади луѓе.Вкупно во овој логор меѓу 1933 и 1945 година беа затворени околу 200 илјади луѓе од 30 нации.Вчера во Дахау беше одбележана 60 годишнината од ослободувањето на логорот.

https://p.dw.com/p/AcrN
Преживеани од логорот во кој ги доживеале најстрашните мачења
Преживеани од логорот во кој ги доживеале најстрашните мачењаФотографија: AP

По 60 години,се вратија во местото на нивните страдања.Бројни поранешни затвореници од концентрациониот логор Дахау и нивните роднини вчера учествуваа во одбележувањето на годишнината од ослободувањето,меѓу нив и преживеаниот Макс Манхајмер:

„За тие,кои преживеаја,сеќавањата се неизбришливи.За многумина од нас на вакви денови времето на мачењето и стравот станува повторно сегашност,особено при сеќавањето на нашите убиени другари,кои не можеа да до доживеат денот на ослободувањето и умреа кратко пред него поради преголема исцрпеност.“

На 29 април 1945 година американската армија стигна до логорот Дахау.На тогашните стравични сцени потсети германската министерка за развојна помош Хајдемари Вичорек Цојл во својот говор:

„Тоа што го затекнаа ослободителите овде,на 29 април ,пред 60 години,ја надминува моќта за претстави.Околу 32 илјади болни и измачени луѓе од 27 земји,35 илјади во надворешниот логор.Бараките биле преполни,епидемија на тифус косела затвореници.“

Баварскиот премиер Едмунд Штојбер дополни:

„Тој кој како затвореник меѓу 1933 и 1945 година влезе низ вратите со циничен натпис „Работата ослободува“,стигна во свет без милост.Тој кој стигна низ овие врати,го загуби своето достоинстство,сопстеноста,мораше да се одрече од името,беше деградиран на обичен број.“

Вратата со натпис „Работата ослободува“ вчера повторно беше отворена,по долгогодишен спор,престана да се користи споредниот влез,па посетителите од целиот свет отсега ќе ја користат истата врата низ која некогаш влегувале затворенциите.

Вчера утроро се одржаа богослужби во руско православната,во католичката и во евангелистичката црква кај поранешниот концентрационен логор Дахау.Еврејската заедница не беше претставена поради празникот Пасха и со него поврзаната забрана за празнување.

Претседателот на советот на Евангелистичката црква во Германија,Волфганг Хуберт,во својата проповед рече дека Германците ги поврзува со многу европски пријатели силното убедување дека не смее да се повтори приказната за неправдата:

„Срамот поради насилството од Германците и солидарноста со нивните жртви мора силно да биде укотвен во нашата култура.

Гласовите на оние кои ги потиснуваат овие сеќавања и во тоа гледаат израз на национално ослободување,во Германија не смеат да имаат ехо.“

Претседателот на Меѓународниот Комитет на Дахау,генералот Андре Делпех е задоволен што се однесува на интересот пред се на младите за страшното минато.Се повеќе луѓе доаѓаат во Дахау,вели тој,годишниот број посетители е околу едне милион,а најмногу се од младата генерација.За преживеаните,тоа е извор на надеж:

„Денеска е сигурно,дека овој извор на надеж никогаш нема да пресуши.“